Вто01192021

Последна промена05:44:35 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Утре забрана за сообраќај по „Железничка“

Сподели

Се известуваат жителите на Општина Охрид дека утре 27.10.2020 година (вторник) ќе се врши хоризонтално обележување на кружната крстосница помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“.

 

За реализација на овие активности, во временскиот период од 08:30 часот до 12:00 часот, улицата „Железничка“ на потегот од клучката за влез во Охрид од насока на Струга до кружната крстосница кај „Здружение на возачи“ ќе биде целосно затворена за сообраќај. Возилата ќе се пренасочуваат кон булевар „Туристичка“ од една страна и улицата „ 7-ми Ноември“ од друга страна.

За останатиот сообраќај, забраната на движење ќе важи од крстосницата на улица „Железничка“ со улица „Кленоец“ и тоа во насока кон Струга и од клучката за влез во Охрид во насока кон Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата „Железничка“ и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка“.

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK