Артикли
Приведен стружанец
- Детали
- Објавено на Сабота, 16 Јануари 2021 12:49
Полицијата му пронашла марихуана.
На 15.01.2021 во Струга, полициски службеници од полициската станица Струга го лишиле од слобода Р.Ш.(29) од Струга, затоа што при претрес во домот каде што престојува, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.