Пон04122021

Последна промена09:39:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Охридското езеро ќе се осветува со Света вода од Геракомија

Сподели

Најмасовната црковно народна манифестација, која децении наназад се случува во Балканскиот Ерусалим  со илјадници верници распослани на пристаниште и стотици капачи годинава е откажана. 

Поради пандемијата , утре  нема да биде организирано традиционалното масовно осветување на водите на Охридското Езеро.

 Со одлука на Дебарско-кичевската епархија, празникот Богојавление – Водици ќе биде одбележан само во црковните  храмови, со  утрински богослужби,  а потоа  ќе биде извршен Богојавленскиот водосвет на езерото.

-„После осветувањето  на светата вода во црквата таа вода ќе биде положена во Охридското езеро и на тој начин ќе се осветат сите води“ , вели отец Љупчо Симиџиоски свештеник од Охрид.

Во осветените езерски води сепак се очекува да има индививуални капачи. Од општина Охрид и од Црквата  апелираат да нема организирано капење и масовни собири.

- „Да се носат маски, да се држи растојание. Храмовите не се мали,   сето тоа е сведено на многу помал број за разлика  од неколку илјади граѓани само неколку мина што се вика,  само да не згасне традицијата да продолжи сето она што било векови наназад“, додава Симиџиоски.

Богојавление  за охриѓани е празник над празниците. Изминативе години на овој ден градот бил преполн со туристи од земјава и странство. Музика, греана ракија, пача, плашици се дел од богатата прослава на Водици во Охрид.

Исто ќе биде и во соседна Струга. Нема да има  масовно осветување на водите на Црн Дрим.

Новинар Соња Рилковска

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK