Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Пандемијата затвори десеттина дуќани во охридската чаршија

Сподели

Пандемијата затвори десеттина дуќани во охридската чаршија. 

Продавници  за текстил, слаткарници,  парфимерии, цвеќарници и сувенирници неможејќи да ги подмират месечните трошоци  ставија клуч на врата.

Од здружението „Чаршиски еснаф“  велат   прометот, што е дирекно зависен од турзмот   им е намален за 70%, за да опстанат бараат да бидат опфатени и во петтиот пакет мерки за субвенционирање на плати за вработените.  

Високите закупнини на дуќаните се најголемиот товар, но  бараат и општината да им ги намали  комуналните давачки и фирмарината.

-„Ги повикувам сите јавни претпријатија  да не пправат блокирања да не не` даваат на извршители затоа што вистина имаме проблеми,. Гледате дека чаршијата е пуста. Имавме само два месеци туризам годинава но тоа не е доволно и не е тип на туризам  на кој Охрид е научен да функционира беа дојдени исклучиво луѓе за плажа, не беа заинтересирани ни за бисер, ни за гардерба“ , вели Маја Бакалова  претседател на Здружението „Чаршиски еснаф“.

Иста е состојбата и кај занаетчиите.  Од почетокот на пандемијата  до денес во Охрид  затворија 12  занаетчиски дуќани.

Имаме голем пад  поради корона кризата секако и занаетите сите ние сме дел од таа алка кога една  алка ќе се скини цел синџир пропаѓа. Се бориме  со сите максимуми за да г спасиме сите наши трошоци“, вели Михајло Филев производтел на Охридкси бисери.

„Прометот се намали  нема туристите кои доаѓаа групи. Годинава е нула“  вели Коста Аиноски резбар од Охрид.

Глем дел од дуќанџиите и сами беа заболени од корона вирусот, продавниците  им беа затворени вработените во излоација,  а за тој период не добиваа никаква помош од владата.

Новинар Соња Рилковска

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK