Артикли
Жител на Ложани со нож се заканувал на стружанец
- Детали
- Објавено на Понеделник, 25 Јануари 2021 12:22
Жител на Ложани со нож се заканувал на стружанец.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.Ј.(43) од струшкото село Ложани, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој, на 11.01.2021 година, во струшкото село Радожда, држејќи остар предмет, започнал вербална расправија со закани кон Н.В.(32) од Струга, кој во селото извршувал градежни работи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.