Пон04122021

Последна промена09:39:48 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Трговците на удар на нелегалната интернет продажба

Сподели

Дуќанџиите на удар на нелегалната интеренет продажба. Со години се соочуваат со нелојална конкуренција .

Без регистрирана  фирма, фискална каса, даноци, дуќан  и вработени  безброј е-продавници заработуваат преку социјалните мрежи во земјава.

Лесно отвараат фан пејџ , спонзорирано собираат публика, а потоа со трговски трикови  добро заработуваат.

„Ние немаме реално проблем со легалните продавници на пример некој бутик си отворил интернет продавница и си продава, но имаме проблем со поединци  кои се многу. Си се спонзорира за две три пет евра и тоа си се продава не ппаќа придонеси, не плаќа кирија сето тоа е сива економија“   , вели Маја Балакова претседател на „Чаршиски еснаф“.

За да започне да врши електронска трговија, компанијата најпрво треба да се регистрира како трговско друштво во Централен регистар, но во земјава има огромен број нерегистрирани е трговци. Дуканџиите поднеле жалби до сите инспекции, министерстваѕа и до владата ,  но никој ништо не превзема.

Не мислам дека Владата доволно се занагажира на таа тема и како резултат на тоа многу дуќани испропаднаа мислам сите оние кои што работеа легално сите испропаднаа исклучиво нелегална трговија има“, додава Бакалова.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) околу 25% од Македонците барем еднаш купиле нешто online. На интернет најчесто се купува облека и спортска опрема, потоа електронска опрема, производи за домаќинство, хотелско и друго сместување. Домашните интернет трговци велат дека  во пандемијата  се бележи пораст на онлајн продажбата, но и многу преставки на измамени купувачи.  

Новинар Соња Рилковска

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK