Артикли
Двајца охриѓани ширеле омраза на ФБ
- Детали
- Објавено на Вторник, 26 Јануари 2021 15:22
Двајцата се товарат за ширење расиситички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М.(46) и Н.С.(48), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расиситички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
- На 15.12.2020 година, пријавените на социјалната мрежа „Фејсбук“, напишале коментари со кои поттикнувале омраза, дискриминација и насилство према група граѓани со што, ја загрозиле нивната безбедност и предизвикале чувство на страв, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.