Пет07032020

Последна промена02:48:19 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Од вечерва Кошаркарски куп на Македонија во Охрид

Сподели

Од вечерва во спортската сала „Биљанини извори“ во Охрид започнува „Кошаркарскиот куп на Македонија 2014“ односно завршницата од 22-от кошаркарски Куп на Македонија. Во спортската сала „Билјанини Извори“ ќе се играат финалните турнири и натпревари во машка и женска, сениорска и младинска конкуренција.

 

Купот ќе отпочне со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Струмица, закажан од 17.30 часот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, а во вечерниот термин, од 20.30 часот, Кожув се среќава со Фени Индустри.

Влезниците за натпреварите од Купот на Македонија 2014 во Охрид веќе  се пуштени во продажба и можат да се набават во билетарата на салата „Билјанини Извори“ што ќе биде отворена во четврток од 14.00 до 21.00 часот, додека во сите останати денови од Купот (петок, сабота и недела), ќе работи од 12.00 до 21.00 часот.

Влезниците за четвртфиналните натпревари во четврток и петок се продаваат по цена од 100 денари. Влезниците за полуфиналните натпревари во сабота и финалето во недела се продаваат по цена од 150 денари. Со купен билет за првото полуфинале во сабота, може да се присуствува и на младинското финале во машка конкуренција кое се игра од 15.00 часот. Со купен билет за финалето во недела, може да се присуствува и на финалните младински и сениорски натпревари во женска конкуренција, кои ќе се играат од 13.00 и 15.00 часот.

За организираните навивачки групи на екипите, кои ќе сакаат да присуствуваат на натпреварите, издвоени се посебни сектори од трибините.

По четири години, завршницата од Купот на Македонија повторно се враќа во Охрид. Во 2009 година, кога салата „Билјанини Извори“ последен пат беше домаќин на ова престижно натпреварување, домашниот тим Амак СП го подигна пехарот. Оваа година, осум екипи, оние кои и реално покажаа најмногу во досегашниот дел од сезоната, го почнуваат четиридневниот турнир со еднинствена и иста цел. МЗТ Скопје, како бранител на трофејот, ја ужива благата фаворитска улога пред останатите екипи, сепак, Купот е натпреварување кое низ годините покажало дека изненадувања се и тоа како можни, па имајќи го тоа во предвид, сите осум екипи учеснички влегуваат претпазливо, свесни дека само со прикажување на најдоброто, можат да дојдат до пехарот

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK