Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

14 лица починаа во пожарот во модуланата болница во Тетово, се трага по уште

Сподели

14 лица починаа во пожарот во модуланата болница во Тетово, се трага по уште.

Телата се предадени на обдукција и идентификување. Во моментот на пожарот во болницата имало 24 ковид хоспитализирани пациенти.

-Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал.

До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.

Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а јавните обвинители заедно со експертите на МВР, ќе ги обезбедат доказите за целосно расчистување на трагичниот настан, информираат од ЈОРМ. 

Катастрофалниот пожар избувна вчеравечер во 21 часот. Се раширил со секавична брзина, со големи пламени, сè додека не ја пеплоса целата барака. Изгасен беше околу 21.45 часот.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK