Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Строго се забранети посети во модуларните болници во Охрид и Струга

Сподели

Не се дозволени посети на ковид позитивните пациенти, кои се лекуваат во модуларните болници во Охрид и Струга.

Блиските на болните сите информации за пациентите ги добиваат во амбулантата од медицинскиот персонал. Станува збор за исклучително заразна болест , па токму затоа недозволено е да се посетуваат заболени од корона. Медициснкиот персонал работи под посебни протоколи, скафандери, заштитни маски, визири, ракавици и дезинфекциони средства за заштита од вирусот. 

Во Ковид болниците во Охрид и Струга строго се забранети  посети во модуларните болници, тврдат директорите. 

-„Не смеат да влегуваат посетители во модуларната болница. Досега никој не влегол. Вратите се заклучени, а информациите се добиваат во амбуланта“, вели Горан Балевски за Охриднет. 

Иста е состојбата и во Струга. 

-„Шест сестри и тројца лекари се грижат за ковид пациентите во модуларната болница во Струга. Посети на болните се строго забренети и не се дозволуваат“, вели Арменд Арслани директор на струшката болница. 

Прашањата следуваат после страотниот пожар во тетовската болница, каде на роднините им се дозволувало да влегуваат како придружба на болните во модуларната болница. 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK