Сре12012021

Последна промена09:48:53 AM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Леона Кичеец: Големите политички партии повторно со иста папагалска мантра

Сподели

Изборната кампања за локалните избори започна. Поминаа само десет дена од нејзиниот тек, но сосема доволно за сериозен набљудувач и внимателен слушател да заклучи дека „Волкот го менува влакното, но умот никако!“, рече на денешната прес конференција,  Леона Кичеец кандидат за советник од Охрид пред се.

Повторно истата папагалска мантра. Силни ветувања и никаква отчетност и одговорност. Ако само малку ги почитуваа своите сограѓани и ако само малку имаа од она нивно„европско педигре“ во кое се колнат, пред да почнат со историското, празното и баналното „ЌЕ“, двете најголеми политички партии, кои триесет години се менуваат на власт, требаше јавно да се извинат за претходните големи нивни ветувања, кои за жал на сите нас кои живееме во овој прекрасен град, останаа не реализирани. Ние, како нов и независен политички субјект, уште на самиот почеток истакнавме дека една од нашите примарни задачи во идниот Совет на општина Охрид ќе биде да ја потсетуваме власта на нејзините нереализирани капитални ветувања за Охрид. Па, да Ве потсетиме:

- Во февруари 2014 година ВМРО вети дека до крајот на 2018 година ќе биде готов автопатот Кичево-Охрид (лага);

- Во март 2018 година СДСМ вети дека овој автопат ќе биде готов до јуни 2021 година (лага);

- Во ноември 2015 година ВМРО вети дека затворениот пливачки базен во Охрид ќе биде готов во 2018 година (лага);

- Во декември 2019 година СДСМ вети дека базенот ќе биде готов до крајот на 2020 година (лага);

- Во септември 2016 година ВМРО вети дека во рамки на Центарот за култура, најдоцна до крајот на 2018 година, ќе изгради концертна сала (лага).

Почитувани политички противници од „големите“ партии, ако ова и уште многу други вакви и слични празни ветувања за вас е чесна и честита политика и однос кон своите сограѓани, за нас, не е ништо друго, освен бескруполозно лажење и макијавелистичка борба по секоја цена да се дојде на власт. Затоа однапред Ви кажуваме дека на нашата соработка во идниот Совет на општина Охрид можат да сметаат само оние кои го почитуваат својот народ и својот јавно, додаде  Кичеец.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK