Артикли
Приведени тројца охриѓани фатени со наркотици
- Детали
- Објавено на Петок, 26 Ноември 2021 16:07
Приведени тројца охриѓани, во два одделни случаи кај нив е пронајдена бела прашкаста материја.
На 25.11.2021, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, ги лишија од слобода И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во друг случај, на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода Н.С.(37) од Охрид. При контрола тој исфрлил едно пакување со бела прашкаста материја, која е одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.