Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home

Артикли

Проекти за развој на туризмот во Вевчани

Сподели

Вевчани ќе гради велосипедски патеки на Јабланица. Планината има природен потенцијал за развој на велоспиедски туризам.

Градоначалникот, најавува и пректи за развој на конгересен и манастирски туризам.
Целта е збогатување на туристичката понуда во најмалата општина во земјава, а туристите да се задржат што е можно подолго.

-„Тие се планински велосипедски патеки со кои планираме да ги задржиме туристите по неколку дена и со тоа да ги поттикнеме во Вевани да се зголемат сместувачките капацитети да може да се изнајмуваат велосипеди тука да се најадат наѓите жители“, вели Спасе Кочоски градоначалник на општина Вевчани.

Општината има сопствен проект за изградба на ски центар на Јабланица. За разлика од новиот проект на Агенцијата за промоција на странски инвестиции кој предвидува 85 км скијачки патеки, проектот на Вевчани предвидува двојно помалку.Но за реализацијата на овој проект последниот збор ќе го имаат вевчанци.

„Дали се работи за истиот проект или нешто друго надвор од атарот на општина Вевчани не сум известен. Но ако овде се гради нешто ако најдеме инвеститор нормално ќе го прашаме населението на Вевчани дали преку референдум или преку некоја анкета интерна тука, дали се за или против изградба на ваков ски центар, додава Кочоски.

Новиот проект на Агецијата за странски инвестиции, кој предвидува луксузен ски центар и 10 хотели на Јабланица не е презентиран пред општина Вевчани. Во 2013 година беше изработен општинскиот проект за ски центар кај Јанков камен над Вевчани, но тој остана во фиока бидејки не беа најдени инвеститори.

Новинар Соња Рилковска

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK