Артикли
Од среда пластичните кеси 15 денари
- Детали
- Објавено на Понеделник, 29 Ноември 2021 10:49
Од среда во сите трговски обејкти пластичните биоразградиви кеси ќе се наплаќаат по 15 денари.
Истовремено од среда се воведува и забрана за еднократна употреба на пластично пакување во заштитените подрачја. Ова го предвидува Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Досега, цената на кесите зависно од трговските објекти чинеше од 1 до 10 денари.
Со оваа одлука, како што информираа од Министерството за екологија, се прави обид да се намали употребата на пластични кеси, а граѓаните да се префрлат на кеси кои ќе бидат за повеќе употреби изработени од еколошки материјали.