Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home

Артикли

Во ЦК „Григор Прличев“ Охрид ќе се прикажува детскиот филм „Мираи“

Сподели

Во среда во ЦК „Григор Птличев“ Охрид ќе се прикажува детскиот филм „Мираи“ (Mirai).

Кино проекции во среда (01.12.2021) и четврток (02.12.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.

KРАТКА СОДРЖИНА
Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек. Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат, кој неговата сестра го заслужува.
Режија: Мамору Хосода
Времетраење: 98’
Земја: Јапонија
Жанр: Анимација/ Авантура/Драма
Дистрибутер: Катавеј Дооел
Категорија: 8+

СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK