Артикли
Внимателно возење поради појава на голомразица
- Детали
- Објавено на Среда, 01 Декември 2021 09:05
Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот на некои повисоки места.
Поради ниските утрински температури можна е појава и на голомразица. Авто мото сојузот на Македонија потсетува дека се уште на сила е забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, додека за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.