Артикли
Охриѓанец нападнал сограѓанин пред продавница
- Детали
- Објавено на Среда, 01 Декември 2021 09:12
Охриѓанец нападнал сограѓанин пред продавница.
На 29.11.2021 година во 14.20 часот, пред продажен објект лоциран на улицата „7 Ноември“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(36) врз А.Б.(22), двајцата од Охрид. Напаѓачот е повикан во СВР Охрид и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, инфрмира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.