Пет07032020

Последна промена02:48:19 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Родителите ќе ги изгубат децата ако ги тераат просат

Сподели

Според новите измени во Законот за семејство ќе следуваат поригорозни санкции за родителите кои ќе ги пуштаат своите деца да питачат.

Новиот закон предвидува задолжителни лекарски прегледи, надзор и совети за родителство, времено одземање на детето од родителот, покренување постапка за одземање родителско право и кривична пријава за злоупотреба и занемарување на родителско право.

-  “Доколку родителот на детето не постапи по укажувањата на Центарот за социјална работа и повторно го наведува детето на питање или го користи детето за питање, тогаш Центарот за социјална заштита веднаш времено ќе го одземе детето од родителот, ќе покрене постапка за одземање на родителското право пред надлежен суд и задолжително ќе поднесе кривична пријава против родителот, а треба да обезбеди и згрижување на детето до донесување на конечната одлука на судот за одземање на родителското право”,  изјави министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов вчера  промовирајќи ги новите построги законски мерки.

Според статистиката од минатата година на пет родители им е одземено родителското право, бидејќи и покрај предупредувањето нивните деца биле најдени како питачеле на улица. 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK