Сре09232020

Последна промена08:42:42 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Ваботените во Данска најсреќни, во Грција незадоволни

Сподели

Данска има најсреќна работна сила, а зад неа се работниците во Австрија и Белгија, покажале резултатите од истражувањето на Евробарометар од Брисел.

 

Како што пренесува сајтот ЕУ Обсервер, дури 94 отсто од работниците во Данска се задоволни од условите на работата. Повеќе од 80 отсто од испитаниците во Данска, Луксембург, Финска и Холандија сметаат дека има добри услови за работа.

На дното на листата се наоѓа Грција, како единствена земја во ЕУ, во која помалку од половината работници се изјасниле дека се задоволни со условите за работа. Дури 16 отсто од работниците во Грција, сметаат дека нивната земја е добро место за работа, додека 38 се задоволни со условите.

Истражувањето покажало дека, поголемиот број Европјани се задоволни со правилата кои ги нуди законот за работа во ЕУ, а секој деветти испитаник навел дека има најмалку четири седмици платен одмор, додека другите испитаници навеле дека во нивната работа постои флексибилност околу работните часови.

Сепак, секој шести испитаник признал дека условите за работа на неговото работно место се влошиле во последните пет години, како резултат на невработеноста и намалувањето на заработувачката во ЕУ.

Унијата, како што истакна комесарот за вработување во ЕУ Ласло Андор, има огромна одговорност да обезбеди добри услови за работа, кои ќе доведат до висок степен на задоволство меѓу европските работници, но и тој стравува дека условите на работата “ќе трпат поради економската криза“.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK