Саб08082020

Последна промена07:35:36 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Бесплатна работилница по уметност со професори од Прага

Сподели

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во соработка со ФАМУ - Прага организира бесплатна работилница на тема „Глобален јазик во уметноста на раскажувањето“.

 

Работилницата ќе се одржи во вторник (3 јуни) со почеток во 18 часот во Младинскиот Културен Центар – МКЦ во Скопје.

Работилницата ќе ја менторираат: Иво Трајков - Иво Трајков е познат македонски филмски режисер и сценарист. Неговото портфолио содржи ризница од повеќе од 150 документарни филмови и повеќе играни филмови. Иво Трајков е познат по неговите филмски остварувања Големата вода, The Past и The Canary Connection. Од 2004 па наваму, Трајков работи како професор и раководител на катедра на ФАМУ во Прага. Во моментов го подготвува неговиот најнов игран филм „Медена ноќ“

- Томаш Петрањ – универзитетски професор и режисер на повеќе од 20 документарни филмови и автор на значајни публикации од областа на филмската уметност. Добитник на повеќе меѓународни награди и признанија.

- Томаш Дорушка – продуцент и режисер на документарни филмови од Чешка. Од 2006 година работи како предавач и ментор на ФАМУ, Прага. Неговата филмографија е богата со повеќе од 10 национални и интернационално признати документарни филмови.

- Павел Јех - декан на ФАМУ (Филмска и телевизиска школа при академијата за уметности) во Прага од 2008 година. Јех има големо искуство во полето на образованието за сценарио и драматургијата во Чешка, но и во Соединетите американски држави. Неговата филмографија е богата со сценарија на познати филмови како Grandhotel и Act of War. Помеѓу останатите остварувања од областа на филмската уметност, Јех ја има работено адаптацијата на македонскиот филм „Ова не е американски филм“.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK