Вто04072020

Последна промена04:20:18 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Седум години од смртта на Тоше

Сподели

Македонската поп ѕвезда Тоше Проески на денешен ден пред седум години загина во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај Нова Градишта, во Хрватска.

Имаше само 26 години. Тоше беше една од најголемите ѕвезди на балканскиот простор и се доживуваше како заштитен знак на Македонија. Toj ja претставуваше нашата земја на Евровизија, каде влезе во финалето и го освои 14-место. На бројни фестивали низ Балканот го освојуваше првото место или добиваше специјални награди.

Тоше Проески е роден на 25 јануари 1981 година во Крушево. Неговите родители уште како дете забележале дека поседува музички талент, па така и го насочиле неговиот животен пат. Како малечок настапува на „Златно славејче“ и на „Мелфест“, пред и официјално да ја почне својата музичка кариера. „Се се должи на љубовта кон музиката. Скалите си одат една по една сами по себе и никогаш не размислуваш што ќе се случи по 10 години или по 20 години“, изјавуваше Тоше Проески. Неговиот талент го забележуваат сите, па затоа и неговите настапи уште како дете завршуваат со награди. За првпат пред македонската публика се појавува на Скопскиот фестивал со „Остани до крај“ во 1997 година. Од овој момент почнува и неговиот поход кон ѕвездите, пишува Фактор.

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK