Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Кривична за раководителот на “Ќафасан“ за поткуп

Сподели

Кривична пријава за полициски службеник од “Ќафасан“ за примање поткуп.
Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со  Сектор за внатрешна контрола  поднесена е кривична пријава против лицето Љ.П. (43) од Тетово, вработен во МВР-РЦ за ГР Запад, како Раководител на смена во Полициска станица за Гранични проверки - Ќафасан, за сторено кривично дело - “примање поткуп“ по член 357 ст.2 од КЗ.

 

Во рамките на своите службени овластувања, пријавениот во својство на службено лице како раководител на смена на ГП Ќафасан, со цел за себе да прибави противправна имотна корист на 06-ти овој месец дозволил влез во Р.Македонија на две лица странци, државјани на Р.Албанија, иако не постоеле никакви законски пречки истите да влезат во Република Македонија, за што побарал и примил парична награда – поткуп од оштетните граѓани во износ од 50 евра со што Љ.П. го сторил кривичното дело - “примање поткуп“.

Имено, на 06.12. две лица албански државјани кои патувале на релација Тирана – Скопје со автобус на ДТТТУ„ДУРМО ТУРС“ Дурмиш ДООЕЛ, со цел да стигнат до Брисел со авионски лет од Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, за влез во Р.Македонија се пријавиле на Граничниот премин Ќафасан, каде што биле селектирани за дополнителни гранични проверки и предадени на раководителот на смена Љ.П.

Пријавениот им рекол дека за да продолжат со нивното патување до Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, иако не кажал дека постојат законски пречки за да влезат во Република Македонија, треба да го „почастат со пари за кафе“ при што побарал 50 евра (паричните средства – поткуп) да стават во една од патните исправи на оштетените, кои Љ.П. ги имал кај себе, при што оштетените една банкнота од 50 евра ставиле во една од патните исправи.

Љ.П., откако извршил дополнителна проверка, без да изврши евидентирање на патниците во Оперативната евиденција на МВР со својата шифра и да стави печат за влез во патните исправи им дозволил влез во Р. Македонија. Наредниот ден околу 04,30 часот при обид да ја поминат пасошката контрола на Аеродромот „Александар Велики“ е утврдено дека во патните исправи немаат печат за влез во Р.Македонија.

Оштетените тогаш го опишале настанот кој се случил на ГП Ќафасан и решиле случајот да го пријават во МВР на РМ, за што е сочинет Записник за примање на пријава. Во ПС од ОН Струга, од страна на оштетените извршено е препознавање на лица во присуство на надлежен Јавен обвинител од ОЈО Струга, по што од нивна страна посочен е пријавениот Љ.П. како лице кое побарало и земало парична награда поткуп во износ од 50 евра.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK