Пет08072020

Последна промена05:24:20 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Уапсени крадците на златарите во Струга и Дебар

Сподели

Откриена криминалната група која ги ограби златарниците во Струга и Дебар.Вчера во Тирана уапсени се дел од членовите на една од најопасните криминални банди кои вршеле вооружени грабежи и разбојништва ширум Европа.

 

Во притвор во Албанија се пет лица на возраст од 25 до 30 години и нивниот водич, кој бил мозокот и ги планирал разбојништвата . По уште тројца криминалци полицијата се уште трага.

- Тие се албански државјани и се инволвирани за кривични дела од типот вооружени грабешжи и други кривични дела во ЕУ. Досега со размена на иниформации и докази успевам да го заокружиме овој случај и можеме да кажеме дека вчера се се приведени дел од групата за другиот дел се трега имаме информации дека се во држави од ЕУ, изјави Митко Чавков директор на Бирото за јавна безбедност на РМ.

Вчерашната акција е резултат на успешната соработка меѓу македонската и албанската полиција.

- Да ја изразат волјата за заедничка соработка прови организираниот сериозен криминал. Како и засекој друг криминал кој ги вознемирува нашите граѓани од двете земји како и мобилни групи кои дејствуваат во двете земји ,вели Артан Диди директор на албанската полиција.

Криминалната банда за само две години извршила голем број на кражби и разбојништва во Албанија, Грција, Македонија но и други земји во Европа.

Разбојниците во Струга во април годинава облечени како анами со пушки и пиштоли ограбија една златара, пукаа низ центарот на градот, а сопственикот го ранија во нога. Во двете златари во Дебар во јули годинава исто така во центарот на градот, разбојниците украдија 18 килограми злато. Пукаа среде бел ден едниот сопственик на златарата го ранија а другиот го убија.

Новинар Соња Рилковска
Kaнал 5 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK