Пет08072020

Последна промена05:24:20 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Муницијата ја чувал во саксии за цвеќа

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга  поднесе кривична пријава против Д.У. (26) од струшкото село Корошишта.

 

На 18-ти јули оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 389 парчиња муниција калибар 7,62 мм долго зрно наменети за огнено оружје автоматска пушка. Муницијата била сокриена во најлон кеси на дното на саксиите со цвеќе поставени во дворот пред влезната врата од семејниот дом. Во црвена најлонска кеса имало 188 парчиња а во жолта вкупно 201 парче муниција за автоматска пушка. Истите се затекнати   полиени со  вода останата над површината на земјата во саксиите.

Одземеното оружје е предадено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје од каде, по извршените анализи утврдено е муниција со калибар 7,62 милиметри е во исправна состојба и потекнува од Македонско, Југословенско, Кинеско, Бугарско и Германско производство и е наменета за автоматско оружје како и митролези со наведениот калибар. 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK