Артикли
Ќе се формираат паралелки со помал број ученици
- Детали
- Објавено на Вторник, 27 Август 2013 23:26
Денеска градскиот совет донесе одлука за формирање на паралелки со помалку од 25 ученици во основните училишта во Охрид.
Советот едногласно донесе одлука и за отворање на подрачно училиште во селото Ливоишта во состав на ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец. Училиштето интензивно ќе се реконструира и ќе почне со работа оваа учебна година.
Поради помалиот број ученици паралелки со помал број ученици ќе се формираат и во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ Охрид и во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ Охрид.
Советот донесе одлука и за изготвување на стратегија за привлекување на повеќе ученици во средните стручни училишта.