Саб03062021

Последна промена01:17:21 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Кривична за екс директорот на струшка Проаква

Сподели

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Злоупотреба на службената положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.В. (49) од струшкото село Радолишта.

Пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на април 2013 година ја злоупотребил својата положба и овластување односно направил злоупотреба на службената електронска картица за точење на гориво која ја должел.
Пријавениот во неколку наврати овозможил точење гориво во десеттина патнички моторни возила кои не се сопственост на МЈП „Проаква“ со што го оштетил јавното претпријатие во вкупен износ од 30.380 денари.
На трети април 2013 година, на бензиската станица „Макпетрол“ во Подмољје извршено е точење гориво во неколку приватни патнички моторни возила во вкупен износ од 13.820 денари. Горивото било платено со службена Верна картица што лично ја должел пријавениот А.В.
Во текот на истиот месец, на бензиската станица на „Макпетрол-Стружанка“ во Струга во четири наврати било извршено точење на гориво во уште неколку приватни возила односно во возила кои не се во сопственост на МЈП „Проаква“ Струга во вкупен износ од 16.560 денари. Вкупната сума на гориво била платена со Верна картица на МЈП Проаква која лично ја должел пријавениот А.В.
Картицата со која се вршело плаќањето на горивото, пријавениот претходно му ја предал на вработен во МЈП „Проаква“ со наредба да изврши наплата на гориво на лица кои, според пријавениот А.В. биле ангажирани на некоја пумпна станица на претпријатието. Притоа, во неколку возила било точено гориво во вредност од 2000 до 3000 денари а во останатите за 500 денари. Вработениот бил задолжен од пријавениот да стави гориво и во неговото приватно возило за 3000 денари бидејќи, според пријавениот претходно со сопственото возило на негов трошак извршувал неколку службени работи.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK