Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home

Артикли

Спасен давеник во Струга

Сподели

Вистинска драма се случувала претпладнево на машка плажа во Струга. Младо момче е спасено откако започнало да дава знаци на давење и да бара помош кратко време по влегувањето во езерските води.

Брзо реагирале неколку присутни на плажата кои му помогнале се до доаѓањето на брзата помош од струшката болница. Момчето итно е пренесено во општата болница каде му е дадена неопходна медицинска помош и извршена реанимација по што е испратен во болница во Скопје.
Неофицијално се работи за младо момче на возраст од околу 17 години.

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK