Сре05252022

Последна промена10:53:20 AM

SCREEN

Cpanel

   

Back Вие сте на: Home

Артикли

И втората средба Тимотеј Сулејмани без конкретен договор

Сподели

Тимотеј и Сулејмани разговараа еден час , но не договорија ништо конкретно. И натаму не се знае кога ќе отпочне обновата на локалната црква во Октиси.

Двајцата само ветија дека ќе да работат со своите верници за да се смират страстите и тензиите и да се најде заедничко решение.

 

Ќе има уште средби на кои ќе треба да се договори изградбата на параклисот.

- Сега засега продолжуваат раговорите, сега се зема обврска тие да работат кај своите ние кај нашите за да најдеме решение, изјави Владиката Тимотеј.

Треба да се надмине меѓуверскиот конфликт, да се најде заедничко решение за да се сочува соживотот и мирот во регионот, порача струшкиот муфтија.

- Да се најде убава солуција, позитивна за двете страни за нашите и вашите верници. Да бидеме заедно секогаш да ја чуваме исламската и христијанската вера, порача Салим Сулејмани муфтија на ИВЗ Струга.

Пред четири дена и средбата на Владиката со струшкиот градоначалник Зиадин Села,заврши без конкретен договор. Села од судот побара времена мерка за одложување на обновувањето на црквата “Свети Димитрија”, со образложение дека тоа е најдоброто решение се додека се смират тензиите.

Во село октиси живеат 4000 жители од кои 10% се македонци православни, останатите се муслимани.

Меѓуверскиот инцидент се случи пред десетина дена кога православните жители на село Октиси беа спречени од нивните сожители од муслиманска вероисповед да стават темели за обновување на црквата “Свети Димитрија” за што имаат градежна дозвола и рок до 20 ти септември.

 

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK