Артикли
Се одлага издавањето регистарски таблици за Вевчани
- Детали
- Објавено на Среда, 04 Септември 2013 14:33
Од технички причини се одлага издавањето регистарски таблички за жителите на општината Вевчани со ознаката VV.
Ова е одговорот што вевчанци го добиваат во полициската станица во Струга при регистрацијата на нивните патнички возила и поднесување барање за добивање таблички со новите ознаки.
Според кажувањата на неколкумина вевчанци за Охриднет, нив не им било дозволено да ги регистрираат возилата со струшки таблици бидејќи припаѓале на друго регистрационо подрачје.
- Ако ги возиме нашите автомобили нерегистрирани, изложени сме на опасност од казни од сообраќајната полиција, велат тие.
Инаку, одлуката за новите регистарски таблици за општината Вевчани требаше да стапи на сила од први Септември оваа година. Согласно соопштението на МВР од 22-ри минатиот месец, изготвени се измени во Правилникот за регистрационите подрачја за возилата, поточно новотo регистрационо подрачје што се воведува во Република Македонија е Вевчани - со ознака V V кое го опфаќа регионот на општина Вевчани.