Артикли
И на 8 ми Септември струшките јарболи без македонско знаме
- Детали
- Објавено на Понеделник, 09 Септември 2013 11:28
На јарболите во Струга вчера и денес не се вее македонското знаме. Во градот како да не се празнува Денот на независнсота на Р македонија, реагираат од невладината “Каприкорн 2010” Струга.
- По повод 8 ми Септември народот во цела Македонија празнува но во Струга повторно, по кој знае кој пат не се чуствува празнична атмосфера. Јарболите наменети за празнично поставување на државното знаме и овој пат осамнаа празни и покрај ветувањето од минатиот пат на градоначалникот Села дека "ненамерната" грешка нема да се повтори, изјави за Охриднет Васко Јолески претседател на "Каприкорн 2010".
Од таму апелираат до локалната да ги почитува државните закони.
- "Каприкорн 2010" апелира до општинските власти да не си поигруваат со националните чувства на стружани и пред се да ги почитуваат државните закони затоа што Струга била и се уште е дел од Р Македонија, додава Јолески.
Ова е втор пат локалната да не го истакнува македонското знаме. И на Илинден струшките јарболи беа празни. Тогаш градоначалникот Зиадин Села кажа дека имало пропуст од страна на комуналното претпријатие, задолжено да ги постави знамињата.
Некогашниот “Плоштад на Револуцијата” во Струга, денес преименуван во “Мајка Тереза” и на Илинден и 8 ми Септември осамна без ниту едно развиорено македонско знаме.