Артикли
Ќе се подржуваат проекти за развој на Вевчани
- Детали
- Објавено на Четврток, 26 Септември 2013 12:14
Денес Градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски на средба со заменик министерот за локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски.
На состанокот, заменикот министер се информира за реализацијата на тековните проекти во општина Вевчани и поддршката од страна на Министерството за локална самоуправа за нивна целосна и ефикасна имплементација.
Акцентот беше ставен на проекти кои се финансираат од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството, како и од Програмата за прекугранична соработка, на Европската унија.