Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Со грст златници патувал од Истанбул за Струга

Сподели

Македонски државјанин, со цело богатство од златници и многу вредни монети, од Истанбул со автобус патувал за Струга. Тој со себе носел 25 златници, 12 турски монети, 10 монети од француска република и 3 австриски монети, изработени од 18 каратно злато, чија вредност е проценета на околу 290 илјади денари.

Ги сокрил  во предниот џеб од панталоните, замотани во црн женски чорап и така пристигна до граничниот премин Богородица. Тука вредното азно го пронашле  царинските службеници. 
Покрај ова, цариниците во текот на минатата недела,  откриле повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржанизлатни монети, девизи, автоделови, електромотори за ролетни, ултразвучен скенер, облека, козметички производи, очила за сонце и фалсификати.   
Монетите и другите предмети се одземени и привремено задржани а против патникот кој патувал за Струга и против другите лица, ќе бидат поднесени кривични пријави.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK