Артикли
Во Струга собир на професорите по француски
- Детали
- Објавено на Сабота, 02 Јули 2016 09:12
Наредната недела Струга ќе биде домаќин на 17-от Летен регионален универзитет за француски јазик
и на професори по француски јазик од 12 земји од Југоисточна Европа. Организатор на Летниот универзитет, кој од 4 до 8 јули ќе се одржува во Струга е Францускиот институт од Скопје во коорганизација на сродните институции од Македонија, Албанија, Хрватска и Србија.
Главната цел на овој регионален универзитет е да му даде визибилитет на францускиот јазик, да го зајакне местото на францускиот јазик во образовните системи на земјите и да овозможи да се создаде вистинска врска и размена на професионални пракси помеѓу професорите од сите земји.