Пон04122021

Последна промена07:52:50 PM

SCREEN

Cpanel

   

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Обновено: Влошена здравствената состојба на давеникот во Струга

Сподели

Се влошува  здравствената состојба на 24 годишно момче,  кое попладнево во последен миг беше  спасено од давење во водите на Охридското езеро, помеѓу машка и женска плажа кај Струга. Од струшката болница момчето е испратено на скопските клиники. 

Од свои извори Охиднет дознава дека давеникот е во многу тешка и критична здравствена состојба. Околу 16 часот, момчето иако незнаело да плива ниту носело спасителен елек од непознати причини скокнало од педалинка на 230 метри од брегот на езерото.

После дваесеттина минути засилена потрга аспасителите на Црвен крст го пронајдоа момчето на дното на езерото. Го извлекоа и по подолга реанимација срцето почнало да работи.

 

Момчето со Брза помош било испратено на хируршкото одделение во Струга од каде докторите, поради тешката состојба го испратија на скопските клиники. 

На педалината момчето било со уште еден роднина, кој исто незанел да плива но носел спасителен елек. Инаку самата педалина имала спасителни елеци но давеникот не го носел. 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK