Нед02262017

Последна промена12:40:10 PM

Back Вие сте на: Home Интересно ХОРОСКОП: Кои карактеристики ве прават единствени?

Интересно

ХОРОСКОП: Кои карактеристики ве прават единствени?

Сподели

Седум карактеристики за секој хороскопски знак.... Што го прави посебен и единствен???

 

Овен

1. Го прави животот возбудлив.

2. Секој момент е важен во нивниот живот, а тој став го пренесуваат и на другите.

3. Ако ви треба храбар партнер за луди авантури - тука е за вас.

4. Со Овенот можете да се искарате, но за 5 минути кавгата се заборава.

5. Скокаат од среќа кога ќе направите нешто добро за нив.

6. Ако имате некој проблем или сте лути, Овенот ќе има големо разбирање за вас.

7. Брзо и жестоко се вљубуваат, па нивните љубовни партнери имаат незаборавно искуство.



Бик

1. Огромна маза.

2. Предани се и доверливи, па затоа се одлични пријатели.

3. Бикот не може да се преправа, може само да биде искрен.

4. Ако се чувствувате виновни затоа што изедовте цело чоколадо, Бикот ќе ве увери дека тоа е заслужено и ќе ви донесе чаша млеко за да наздравите.

5. Во домот на Бикот секогаш сте добредојдени.

6. Помагаат во реализацијата на туѓите идеи.

7. Затоа што сакаат да уживаат само во најдоброто, така и нивните пријатели ги имаат истите привилегии.



Близнаци

1. Ако сакате партнер за анализирање и објаснување - Близнаците се идеален избор.

2. Обожаваат нови ситуации и можности и максимално ги користат новоотворените хоризонти.

3. Секојдневно се менуваат, па затоа лесно трпат критики.

4. Паметни се и начитани, па затоа добри се во сите друштвени игри и загатки.

5. Заради нивната отвореност лесно склучуваат нови пријателства.

6. На сите околу нив влијаат позитивно и ги поттикнуваат да бидат поактивни.

7. Ако некогаш ви недостасува друштво за излегување - прво треба да се јавите кај Близнаците.



Рак

1. Од нив извира нежност и интересирање за другите луѓе.

2. Секогаш се трудат да создадат пријатна атмосфера за луѓето кои им значат.

3. Имаат неверојатен инстинкт да проценат што не е во ред со вас - дали сте тажни, лути, нервозни...

4. Раковите се едни од ретките кои искрено го поставуваат прашањето „Како си?“ и навистина сакаат да го слушнат одговорот.  

5. Неговата смисла за хумор е посебна.

6. Ракот има способност да ги натера сите да се чувствуваат сигурно во негова близина.

7. Искрено покажуваат чувства и гласно кажуваат кога ве сакаат.



Лав

1. Зависник од адреналин и забава.

2. Ентузијазмот на Лавовите е заразен.

3. Романтичар кој ги цени сите ситници и изјави на љубов.

4. Секогаш е заштитнички настроен кон луѓето кои му значат.

5. Шармот му помага да се извлече од сите непријатни ситуации.

6. Ако Лавот се заљуби во вас, ќе се чувствувате како најпосакуваното суштество на планетава.

7. Лавовите се секогаш чудно, симпатично мистериозни.



Девица

1. Припадниците на овој знак имаат силни емоции, но и развиено чувство за разумно реагирање.

2. Во моментите кога имате потреба од потпора - Девиците се тука уште пред да им се јавите.

3. Сакаат кога го расчистуваат туѓиот неред и тоа им е забавно.

4. Девиците никогаш нема да ги чекате - тие секогаш се појавуваат барем 5 минути порано.

5. Кога сте хаотични и под стрес, јавете и се на некоја Девица. Нејзината организираност има смирувачко дејство.

6. Девицата сака да биде известена за сè што се случува.

7. Девиците секогаш имаат план - што ги прави посебно забавни.

Вага

1. Шират добри вибрации, па така дури во најнепријатната ситуација внесуваат спокој.

2. Вагите се најсреќни кога другите се среќни.

3. Речиси е невозможно да не се заљубите во вагите. Тие поседуваат детски, неодолив шарм.

4. Вагата има посебен талент за решавање на сите конфликти.

5. Ја ценат убавината и сакаат да ја внесуваат во туѓите животи.

6. Вагата редовно ги потсетува другите на нивните добри особини.

7. Професионалци се за опуштање и уживање, затоа вреди да имате барем еден пријател во овој знак.



Скорпија

1. Ако еднаш се зближите - тука се за цел живот. Скорпиите се најпосветените луѓе кои ќе ги запознаете.

2. Најдобри се за доверување на проблемите кои никој не ги разбира.

3. Со нив смислувањето на шеги и предизвици е секогаш забавно.

4. Скорпиите забележуваат секакви детали - од фризура, до облека и сакаат кога делат комплименти.

5. Ја ценат и паметат секоја убава работа која сте ја направиле за нив.

6. Со нив можете да разговарате за секс без да се чувствувате непријатно.

7. Имаат толку силна енергија што мислат дека можат да го променат светот.



Стрелец

1. Животот со нив е авантура без крај.

2. Дарежливи се и секогаш даваат без да очекуваат нешто за возврат.

3. Одлични се за друштво на секоја забава - весели се, друштвени и симпатични.

4. Секогаш имаат цврст став и не се плашат да се борат за своите уверувања.

5. Одлични се како рамо за плачење.

6. Со нив секогаш ќе знаете на што сте и што тие мислат за вас.

7. Обожаваат кога ги споделуваат своите знаења и искуства со другите.



Јарец

1. Предодредени се за успех во животот.

2. Едни од најдобрите домаќини во Зодијакот.

3. Силни се и имаат силна самодоверба, па така влијаат на сите околу нив.

4. Ако сте им вистински пријатели, нема нешто што не би направиле за вас.

5. Нивната љубов обично е материјално поврзана, од подготовка на вечера, до бројни подароци.

6. Амбициозни се и насочени кон своите цели.

7. Секогаш се тука да ве спуштат на земја и да ви кажат како реално стојат работите.



Водолија

1. Нивната оригиналност и фантазија е на далеку прочуена.

2. Објективни се и затоа се секогаш добар извор за совети.

3. Благодарение на личните способности, знаат да пронајдат заеднички јазик со сите.

4. Одлично е да имате пријател Водолија, затоа што тие ја создаваат најдобрата забава.

5. Тие не ги следат другите, туку ги мотивираат да го следат својот пат.

6. Големи борци за правда.

7. Ако се грижат за вас - ќе направат сè за да бидете среќни.



Риби

1. Секогаш се достоинствени, но и енергични.

2. Лесно прават планови, но и се приспособуваат на туѓите.

3. Имаат одлична интуиција и делат фантастични совети.

4. Не се површни и не ги гледаат луѓето низ призма на парите или статусот.

5. Имаат разбирања за сите околу себе и сакаат кога луѓето им се доверуваат.

6. Нивната смирувачка енергија често пати е заразна.

7. Нивната спонтаност е легендарна и со неа ги инспирираат сите околу себе.

 
 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK