Нед12172017

Последна промена03:30:45 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Новогодишен хороскоп

Интересно

Новогодишен хороскоп

Сподели

 

ОВЕН
Празниците можат сериозно да го нарушат вашиот буџет, но деновиве не треба да мислите на тоа. За да се опуштите, најдете начин да ги поминете празниците поскромно. Ако планирате да патувате, деновиве ќе заборавите на она што е зад вас и ќе се препуштите на новите доживувања. Почетокот на новата година секогаш носи нова енергија. Искористете ја енергијата и оптимизмот што го имате, за да бидете подготвени за пријатните изненадувања што ве очекуваат во кариерата.

БИК
За време на празниците ќе се потрудите на членовите на семејството да им надоместите се што мислите дека сте пропуштиле во изминатиот период. Поради тоа размислувате овие три дена да ги поминете покрај море или езеро. Ако сте слободни, на повидок е романса. Следните неколку дена ќе имате можност да се дружите со една необична личност која во вас ќе разбуди романтични чувства. Затоа дотерајте се најубаво што можете и отидете на некое место каде што има добра забава.

БЛИЗНАЦИ
Вие сте личност на која не и недостасува друштво. Секогаш сте опкружени со луѓе кои го бараат вашето внимание. Така ќе биде и за време на празниците. Но, деновиве нема да уживате во толпата. Ќе имате потреба да се повлечете и да се одморите. Викендов ќе ви помине во дружење со домашни пријатели. Тие ќе ви помогнат да ги растерате црните мисли. Не анализирајте премногу, се ќе биде како што сте планирале. Можеби ќе причекате до крајот на јануари, но на крај ќе биде така како што сакате.

РАК
Ах, колку соништа чекате да ви се остварат во новата година. Слободно сонувајте, медитирајте и уживајте во празниците. Можно е до вас да дојде информација која долго ја очекувате. Во прашање се некои пари од кои веќе сте се откажале. Тоа што сте се откажале не значи дека нема да знаете како да ги потрошите. Ако имате можност, деновиве посетете некој СПА-центар. Тоа многу ќе придонесе за вашето психичко и физичко здравје.

ЛАВ
Атмосферата во домот ќе биде хаотична. Расположението ќе се менува секој момент. Ова се должи на зголемената емотивност на вашиот партнер. Тој ќе се чувствува несфатено. Обидете се да разговарате и да објасните дека не сте нечувствителни иако делувате така. За да го задоволите партнерот, ќе направите се за да се почувствува новогодишната атмосфера и празниците да ги поминете без конфликти.

ДЕВИЦА
Метежот и бучавата ви пречат и не се пронаоѓате во тој вид на забава. Повеќе сакате новогодишната ноќ да ја поминете во кругот на семејството и да се релаксирате. Деновиве партнерот ќе биде романтично расположен. Искористете го неговото расположение и внесете свежина во врската. Предложете му романтична прошетка или вечера во некој ресторан заедно со пријателите. Дружете се и не размислувајте за здравјето.

ВАГА
Драги ваги, искористете ги овие денови во ваш стил. Не дозволувајте никој и ништо да ви го расипе расположението. Ова е ваша година, ваш месец, ваш ден. Потрудете се дипломатски да се однесувате кон партнерот. Неговата ексцентричност ве вади од такт, но правете се дека тоа не ви пречи. Ако сте слободни, можно е во новогодишната ноќ да запознаете нова личност. Ова познанство има шанса да прерасне во нешто сериозно.

СКОРПИЈА
До последен момент нема да знаете каде и како ќе ја поминете новогодишната ноќ. Вие честопати имате шанса да се забавувате, така што оваа вечер нема да биде нешто што многу ви значи. Вашиот партнер после подолго време се чувствува релаксирано и затоа не се враќајте на минатото. Време е да отворите нова страница и сериозно да почнете да работите на вашата врска. Во следната година очекувајте многу љубов и надминување на финансиските проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Вашите пријатели во новогодишната ноќ ќе забележат промени кај вас. Се работи за промена на вашиот изглед. На секој чекор ќе добивате комплименти. Тоа уште повеќе ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе ја зголеми вашата популарност во друштвото. Ако сте во подолга врска или брак, времето поминато со партнерот ќе биде многу пријатно и интересно. Можно е да отпатувате на неколку дена и да се опуштите. Ако сте слободни, можно е да сретнете некој што ќе ви ја одбележи следната година.

ЈАРЕЦ
Ова е ваш месец и нормално е да сјаете со полн сјај. Деновиве ќе бидете задоволни и полни со себе. За време на празниците ќе имате желба да излезете надвор и да ја дочекате новогодишната ноќ опкружени со многу луѓе. Опуштете се и облечете нешто поинакво, повесело, во повеќе бои. Ослободете се од конзервативноста што ви е вродена и дозволете си малку озборување. Никој нема да смета дека сте несериозни ако го сторите тоа.

ВОДОЛИЈА
Иако сте секогаш подготвени за патување и за нова авантура, за време на празниците најубаво ќе се чувствувате дома. Ќе посакате да бидете сами за да можете на мир да размислите за се. Веќе подолго време атмосферата во вашиот дом ви е чудна. Имате чувство дека вашите домашни нешто кријат од вас. Оние што се сами, ќе имаат можност за флерт. Во следната година можете да очекувате многу промени и на личен и на емотивен план.

РИБИ
За време на празниците ќе бидете многу романтично расположени. Викендот ќе го поминете со децата или со партнерот објаснувајќи им колку ги сакате. Веројатно ќе посакате да отидете со нив на некое место покрај вода каде што освен фамилијарна атмосфера има и добра храна. Слободните риби во следните неколку дена ќе имаат можност да сретнат личност која многу ќе се разликува од личностите што досега ги среќавале. Тие ќе бидат привлечени од шармот и интелигенцијата на новиот познаник.

Извор:zase.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK