Пет01202017

Последна промена01:35:01 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Снежен хороскоп: Кога снег ќе ги затрупа сите хороскопски знаци

Интересно

Снежен хороскоп: Кога снег ќе ги затрупа сите хороскопски знаци

Сподели

За Овенот снежното невреме е личен напад од страна на природата, без оглед на тоа што не е единствениот засегнат од снегот.

Прво гласно ќе го изрази револтот со неколку пцовки, а бидејќи нема време да ги чека зимските служби, верува дека сè може да исчисти сам со свои раце.

koga-snegot-ke-gi-zatrupa-site-horoskopski-znaci-ribata-misli-deka-nema-da-prezivee-vodolijata-nosi-caj-so-alkohol-1.jpg

Поседува цел арсенал лопати и по 5 минути станува главен и одговорен за одбрана на улиците од снегот.

За тоа време Бикот размислува за тоа дали наскоро ќе му стане ладно и колку храна има останато. Може да поднесе сè освен глад. Решава да зготви храна за цела зграда.

Близнаците ја користат приликата како би ги известиле пријателите на социјалните мрежи дека се заглавени во сообраќајот. Ова е важен момент и голем проблем за нив и мора тоа да го знаат сите.

На Ракот му е потребен само некој кој ќе го држи за рака и ќе му каже дека сè ќе заврши добро.

Жално гледа низ прозорецот и се сеќава како беше на времето кога безгрижно седеше во скутот на родителите и ја гледаше убавината на снегот од топло.

Лавот пак, е главен пред камерите и новинарите кои снимаат прилог за застој на патот и сè пренесува ексклузивно и драматично.

„Ти реков дека треба да останеме дома“, тивко мрмори Девицата и се обидува на себе да ги воочи првите знаци на премрзнатост и воспаление на белите дробови, предизвикани од ладното.

koga-snegot-ke-gi-zatrupa-site-horoskopski-znaci-ribata-misli-deka-nema-da-prezivee-vodolijata-nosi-caj-so-alkohol-2.jpg

Вагата во сè наоѓа убавина, па снегулките кои паѓаат на глас ги споредува со дијаманти и од несреќната околност создава поеми. Големи се шансите да размислува што да купи прво - зимски гуми или бунда или капут или убави чизми. Или сè заедно.

Скорпијата во меѓувреме се подготвува за уште едно еротско сценарио - на снег. Фантазира како би било да има партнер тука и сега. Разгледува во околина и оценува дали на некој згоден/некоја згодна му/ѝ треба превоз.

За Стрелецот секое заглавување во снег е нова авантура во која максимално ќе ужива. „Снег! Јуху! Гледајте како снегулките танцуваат! Ајде веќе еднаш сите оставете ги лопатите и да одиме на терени, на санкање! Облекувајте скафандерите и ве чекам на повисоко!“

За разлика од него, Јарецот е максимално фрустриран. Природата ја покажува својата надмоќ, а тој се чувствува слабо бидејќи нема како да ја победи.

Водолијата го прави она што најдобро го знае - им помага на сите. Се обидува да им објасни на луѓето дека има многу полоши работи од снегот и дека треба да бидат благодарни за она што го имаат, додека Бикот и Јарецот превртуваат очи.

Големи се шансите Водолијата да е таа која ќе донесе топол чај (добро, малку зачинет со алкохол).

Успаничената Риба се простува од саканите бидејќи е помирена дека нема да го преживее ова снежно невреме.

Црнобело.ком

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK