Чет10192017

Последна промена09:41:09 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Од маж стана жена, прва операција во Македонија

Интересно

Од маж стана жена, прва операција во Македонија

Сподели

33- годишен маж од Македонија од денеска е жена. По неколку годишна психолошка подготовка, како и хормонска терапија, кај него машкиот полов орган беше сменет со женски.

Ова е прва ваква операција направена во Македонија. Интервенцијата траеше околу 5 часа. По целосно опоравување на пациентот, функцијата на женскиот полов орган ќе биде воспоставена во период од 2 до 3 месеци. Инаку интервенцијата, која се следеше и во живо, беше изведена во рамки на првиот симпозиум за генито – уринарна хирургија, организиран од клиничката болница „Аџибадем – Систина„ и центарот за генито – уринарна реконструктивна хириргија во Белград

Операцијата не значи и дека жената ќе биде способна за репродукција. Промената е само на половите органи, а не и на репродуктивните.

Џорџевиќ е светски познат уролог. Досега има направено 700-тини операции за промена од машки во женски пол. Речиси двојно поголем или околу 1300 е бројот на жени кои со хируршка интервенција станале мажи.
Инаку ова е 5-ти македонски граѓанин кој го сменил полот, а кој го оперирал доктор Џорџевиќ. Со исклучок на денешната операција, претходните 4 биле направени во Белград, Србија.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK