Чет08172017

Последна промена06:42:11 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Ви треба ли писмена согласност за патување на дете преку граница само со еден родител?

Интересно

Ви треба ли писмена согласност за патување на дете преку граница само со еден родител?

Сподели

Законската регулатива во Македонија предвидува дека на родителите не им е потребна таква согласност доколку малолетното дете патува со еден од родителите, но граничните служби имаат право да ја побараат ако нешто им е сомнително.


Во пресрет на сезоната на годишни одмори, едно од најчесто поставувните прашања на родителите е дали задолжително треба да носат со себе согласност за патување на деца преку граница со еден родител. Искуствата на родителите од земјава кои патувале сами со децата без нивниот партнер се различни. Додека едни велат дека на ниту еден гранчен премин не им се случило надлежните служби да им побараат таква согласност, други имале непријатно искуство кога полицијата на граница изрично им барала да покажат таков документ и не им дозволувала да ја преминат. Кога станува збор за оваа проблематика, законската регулатива во Македонија предвидува дека на родителите не им е потребна таква согласност доколку малолетното дете патува со еден од родителите. Со оглед на тоа дека за детето да добие патна исправа потребно е присуство на двајцата родители, се смета дека со тоа двајцата дале согласност детето да патува во странство и само со еден од нив. Сепак, ваква согласност е неопходна ако детето патува само или во придружба на некое трето лице, како што се роднини, наставници, спортски тренери и сл. Иако законот не предвидува носење ваква согласност, се јавивме на граничниот премин кон Грција за да се информираме дали за дете кое патува само со еден родител треба ваква согласност. Надлежните служби ни одговорија потврдно, напоменувајќи дека имаат дискреционо право да не му дозволат излез на родителот со детето доколку се посомневаат дека нешто не е во ред, а родителот нема согласност од другиот родител за патувањето.

- Најдобро ви е да си извадите писмена потврда кај надлежните служби во МВР, потпишана од двајцата родители, за да немате никакви проблеми. Дури и да не ви ја побараме кај нас на граница, може да ви ја побараат при влез во Грција - ни рекоа службите на граничниот премин Богородица.

Одобрение за патување во странство може да се извади во подрачните единици на МВР, при што мора да се присутни двајцата родители, да го дадат на увид изводот од матичната книга на родени на детето и нивните лични карти. Изјава дека детето може да патува преку граница само со еден родител може да се завери и на нотар, во присуство на двајцата родители.

Извор:fakulteti.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK