Нед07232017

Последна промена06:53:21 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Дали лаптопот треба постојано да биде приклучен на полнач?

Интересно

Дали лаптопот треба постојано да биде приклучен на полнач?

Сподели

Една од дилемите со која се соочуваат луѓето што секојдневно работат на лаптоп е дали кабелот треба да се исклучи откако батеријата ќе се наполни.

Според тестирањето на батеријата на лаптопите, ако уредот е постојано врзан на полнач тоа ќе го намали капацитетот на батеријата за пократко време. Освен тоа, зголемената температура во текот на полнењето може лошо да влијае на електрониката, па препораката е лаптопите да не бидат постојано вклучени во струја.

Едно од решенијата ако планирате подолго да го користите лаптопот е да ја извадите батеријата и едноставно да го користите како десктоп. Меѓутоа кај некои од новите модели тоа не е возможно бидејќи батериите се интегрирани во куќиштето и не е возможно да се извадат. Интересно е дека ни производителите немаат единствен став.
Acer препорачува вадење на батеријата кога лаптопот се користи подолго, а HP вели дека лаптопот може максимум две недели да биде постојано уклучен. Dell постојано негира дека оставањето на лаптопот на полнач е проблематично, a според Apple идеално би било наизменично да се полни и користи лаптопот.

Бидејќи нема јасен одговор од производителите, веројатно најдоброто решение е да се биде умерен, односно да не се остава лаптопот постојано на полнач.Важно е да се знае дека секоја батерија има ограничен број на полнења и празнења, како и дека високата температура може негативно да влијае на долговечноста на батеријата.


Извор: usb.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK