Интересно

Викендов, Четкар ќе настапи на „Хуа Хин“

Сподели

Владимир Четкар на 24 jуни ќе настапи на најпознатиот џез фестивал во Тајланд – Хуа Хин.

Нашиот џез музичар, композитор и гитарист со светска кариера, Владимир Василевски-Четкар викендовкаде е најавен како еден од главните артисти а неговото гостување таму е проследено со големо внимание низ тамошните медиуми. Според музика24.мк, Четкар на 22 јуни ќе одржи и прес- конференција во Бангкок.Четкар на турнејата во Тајланд на сцената ќе биде придружуван од популарниот тајландски бенд Фанкшн. На овој фестивал Четкар ќе се претстави со авторска музика, а ќе отсвири и една композиција од неодамна починатиот крал на Тајланд, Бумибол Адулиаде, кој бил мулти инструменталист и страствен вљубеник во џез музиката.