Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Климатските промени создаваат разорни урагани, кои доаѓаат и кон Европа

Интересно

Климатските промени создаваат разорни урагани, кои доаѓаат и кон Европа

Сподели

Огромни и ненадоместливи штети во човечки животи се случуваат преку Атлантикот, кој е на удар на разорни урагани, а последниот со име „Ирма“ е најлошиот во модерната историја.

Таквите урагани се во состојба да го подигнат нивото на морето за шест метри, да поттикнат бранови повисоки од 15 метри. Сето тоа е резултат на климатските промени поради индустриското загадување на атмосферата. Ураганите и торнадата стануваат сè почеста појава и во Европа, па затоа прашање на општа култура и егзистенцијална нужност е да се знае абецедата на овие силни природни појави.

Содржат многу мраз и снег

Ураганите се хранат со топлина, но нивните облаци на висина од неколку километри, сè до тропосферата, се ладат до температури од околу -50 Целзиусови степени. Дождот што паѓа на земјата е последица на километри топол воздух низ кој поминуваат тој мраз и снег. Истражувањата покажаа дека во ураганите воздухот кружи, циркулира и вертикално, поради што големи количини снег и мраз се топат, потоа се подигнува и тие се враќаат во првобитна состојба.

Ураганите дишат, нивното око „трепка“

Ураганот настанува на површината на океанот, а кружењето на воздухот е последица на Кориолисовиот ефект во текот на вртењето на Земјата. Затоа, ураганите на северната хемисфера кружат спротивно од движењето на стрелките на часовникот, додека на јужната ја следат правилната насока на движење. Во текот на кружењето на воздухот во ураганот настанува и „око“, а со подигнувањето на воздухот, сушејќи се и ладејќи се, и со забавувањето, воздухот во него секогаш изгледа како ураганот да дише. Подрачјето во „окото“ на ураганот е мирно и со свеж воздух. Тоа подрачје, со постојаното мешање на воздухот во ураганот, се собира, па се шири, особено кај најголемите урагани и затоа фантазијата ни дозволува да веруваме дека „окото“ на ураганот трепка.

Да не постоеше Сахара, ќе имаше многу помалку урагани

Огромен процент од ураганите настануваат така што врелиот и сув воздух од Сахара ќе почне да дува кон морето, каде што е постудено и повлажно. Сахара се наоѓа на совршено место за тоа, токму над екваторот, што значи дека настанува идеално ротирање на многу силна воздушна струја. А може да се случи и сувиот воздух во Сахара да ја впие влагата од циклоните во настанување од своето соседство и на тој начин да ги згасне ураганите што се појавуваат.

Целата статија на Фаултети.мк

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK