Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Пронајден гробот на Свети Никола Чудотворец во Турција

Интересно

Пронајден гробот на Свети Никола Чудотворец во Турција

Сподели

Се смета дека св. Никола бил погребан во Мира, а се тврди и дека во 1087 година некои трговци ги украле неговите коски откако земјотрес го оштетил неговиот гроб. Наводно коските биле однесени во базиликата во Бари, Италија.

Таму секоја година на 9 мај верниците се собираат за да прослават чудо - испуштање парфимирано миро од неговите коски. Но Венеција тврди дека има вакви слични коски, а научните истражувања покажале дека коските од двата италијански града доаѓаат од истите останки. Всушност, црквите низ целиот свет - Германија, Бугарија, Русија, па дури и Канада и Америка, тврдат дека поседуваат делови од останките.

Во 2013 година Мировниот совет од Турција испратил писмо до папата Франциск барајќи да врати барем дел од коските на светецот во неговата родна земја. Но новото откритие укажува дека археолозите пронашле остатоци од црква на место каде што мислат дека се наоѓа и гробот на св. Никола. Една теорија укажува дека црквата го преживеала земјотресот и дека украдените коски му припаѓаат на друг свештеник од регионот.

Чемил Карабајрам, шеф на Управата за споменици во Анталија, спровел дигитално истражување под површината на црквата и се сретнал со она што изгледа како недопрено светилиште. „Веруваме дека ова светилиште воопшто не е оштетено, но е тешко да се стигне до него бидејќи има мозаици на подот“, вели тој. Стигнувањето до гробот ќе потрае бидејќи мозаиците треба внимателно да се преместат,пишува Факултети мк.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK