Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Во четврток астероид ќе помине покрај земјата

Интересно

Во четврток астероид ќе помине покрај земјата

Сподели

Научниците објавија дека во четврток покрај Земјата ќе помине астероид. Астероидот чие име е „2012 ТЦ – 4“ ќе помине на одалеченост што е еднаква на деветина од растојанието помеѓу Земјата и Месечината односно приближно 44.000 километри.

Иако 44.000 километри делува како голема оддалеченост, во Вселената ова растојание значи „за влакно“ Сепак, според американската вселенска агенција НАСА, „2012 ТЦ-4“ нема да се судри со нашата планета. Европската ЕСА пак, ја процени ширината на астериодот на 15 до 30 метри, а пак брзината на 17 километри во секунда. Според податоците на НАСА, масата на вселенското тело изнесува околу 7.000 тони. Кога еден таков објект би удрил во Земјата, ефектот би бил еднаков на експлозија од 20 просечни нуклеарни проектили. Астероид со слични параметри и својства во 2013 година направи хаос во Русија, близу градот Чељабинск, иако притоа телото се распадна во атмосферата. Тогаш, 1.500 лица беа повредени, а 7.000 згради беа оштетени.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK