Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Најбараната германска терористка живее во Македонија

Интересно

Најбараната германска терористка живее во Македонија

Сподели

Зилке Маер-Вит, некогашна членка на терористичката организација „Фракција на Црвената армија“ (РАФ), која изврши серија напади и убиства во Германија меѓу 1973 и 1995 година, денес живее и работи во Скопје.

Таа одамна не е дел од политиката или од криминални активности, туку се занимава со наука. Некогаш најбараната германска терористика сега се занимава со уште една тешка задача, да ја открие вистинската историја на балканот.

67-годишната членка на раководството натерористичката група позната и како „Бадер-Мајнхоф“ за својот живот во македонија говорела пред повеќе од сто посетители на дебатата во Музејот на Германска Демократска Република во Берлин. Сеуште интимно не може да се помири со капитализмот и империјализмот против кои се борела пред неколку децении.

Маер-Вит во 1977 година била вмешана во киднапирањето и ликвидацијата на германскиот индустријалец Ханс Мартин Шлеер, кога биле убиени и неговиот возач, како и тројца полицајци што го заштитувале. По атентатот таа пребегала во тогашна Демократска Република Германија, но во 1990 година била откриена и следната година осудена на десет години затвор, за во 1995 година да биде ослободена предвреме. Сега живее во Скопје и пишува книга за балканската историја, пишува Мрежа.мк. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK