Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Интересен совет од професор на Харвард

Интересно

Интересен совет од професор на Харвард

Сподели

Tрчањето маратон или вежбање во теретана, треба да се заменат со пливање, пешачење и одење во сауна смета професор на Харвард.

Професор од Медицинскиот факултет на Харвард, Мин Ли смета дека трчањето маратон или вежбање во теретана, треба да се заменат со пливање, пешачење и одење во сауна.Мускулите обликувајте ги со пливање и пешачење.Како што пренесува radar.mk, Ли тврди дека пливањето е совршената вежба бидејќи не само што го активира секој мускул на телото туку и не врши притисок на зглобовите и кичмата. Пливањето го штити мозокот од стареење и го зајакнува срцевиот мускул. Пливањето му го препорачува на лицата кои имаат артритис или друга мускулно-коскена болка.Редовното пливање (30-45 минути) ве прави поиздржливи, го подигнува вашето расположение и ја намалува депресијата. Без разлика на годините, посебно внимание треба да се посвети и на длабокото дишење.Неколку студии покажале дека пешачењето позитивно делува на телото и мозокот. Го намалува ризикот од срцеви болести и инфаркт, го подобрува сонот, го намалува ризикот од висок притисок и дијабетес, штити од депресија, помага во бробата против стрес, го намалува ризикот од појава на рак на дојка и црева, го подобрува расположението, слабеете, позитивно влијае на зглобовите и ја намалува болката која е предизвикана од артритис.Препорачува и користење на сауна со цел намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен благодет од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK