Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Се продава јахтата на Тито

Интересно

Се продава јахтата на Тито

Сподели

Владата на Црна Гора ја прогласи јахтата „Јадранка“ за непотребна за потребите на црногорските државни институции и ја понуди на јавно наддавање за 80.000 евра.

 

Јахтата „Јадранка“ за потребите на поранешниот југословенски водач Јосип Броз Тито е изградена во 1977 година во хрватското бродоградилиште во Краљевица.

„Владата го задолжи министерството за одбрана, во согласност со законот за државна сопственост, а врз основа на процените на судски вештак, овој брод да го понуди на продажба преку јавно натпреварување по почетна цена од 80 илјади евра, колку што изнесува процената на вештакот“, се наведува во соопштението на службата за односи со јавноста на црногорската влада.

Доколку не биде успешна продажбата на јахтата „Јадранка“ преку јавната понуда, како што се додава во соопштението, министерството за одбрана е задолжено да формира комисија којашто ќе ги одреди видовите метални и други сировини кои може да се добијат од бродот и почетните поединечни цени на металните и другите сировини, во согласност со цените на пазарот и бродот да го продаде како дотраена, односно отпадна јахта, ишува Република. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK