Саб12162017

Последна промена01:44:15 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Кога ви е роденден – дознајте духот на кое животно е ваш заштитник според месецот на раѓање

Интересно

Кога ви е роденден – дознајте духот на кое животно е ваш заштитник според месецот на раѓање

Сподели

Датумите на раѓање не се само обични броеви. Тој може да открие многу за вашиот карактер и скриените карактеристики.

Дали сте верни како куче, слободни како гулаб, мистериозени како пантер или мирни како желка? Пронајдете се во нашата табела кое животно го преставува вашиот датум на раѓање, а потоа прочитајте што тоа симболизира.

КУЧЕ

Вие сте многу лојална и драга личност. Вашата лојалност никогаш не треба да се доведува во прашање. Вие сте прилично искрени и отворени кога станува збор за работниот однос. Вие сте многу едноставна личност. Апсолутно мирни, скромни и приземни.

Тоа објаснува зошто пријателите се потпираат на вас. Иамте добар вкус за облекување. Ако вашата гардероба не ги прати трендовите, мора да сте депресивни. Имате мала група на пријатели кои се квалитетни личности.

ГЛУШЕЦ

Секогаш смислувате некоја итрина! Тој прекрасен сјај во очите е она што ве прави слатки и привлечни за секого. Вие сте исклучително забавна личност и луѓето ве обожаваат и го бараат вашето друштво. Меѓутоа, вие сте чуствителна личност што ви е мана.

Луѓето мораат внимателно да ги одбираат зборовите кога ќе разговараат со вас. Ако некој се обиде да си поигра со зборовите додека има работа со вас, го буди вашиот гнев, а тогаш Господ нека му е на помош.

ЛАВ

Потполно спротивно на вашето име, вие сте мирна личност. Давате се од себе за да ги избегнете ситуациите во кои би морале да се расправате. Сакате да поминувате време надвор од дома и мрзите да бидете на едно место подолго време.

Вие сте роден лидер и имате одлична тактика за да ги натерате луѓето да работат. На луѓето им се допаѓа како ги третирате, а вие самите обожавате да бидете сакани. Кога ќе видите дека сте во центарот на вниманието кај некоја личност, и се предавате во потполност на таа личност.

МАЧКА

Вие сте прекрасна, љубезна личност, понекогаш срамежлива, но со одлична смисла за хумор. Понекогаш ви еп отребна тишина. Сакате да истражувате и да навлезете во подлабока суштина на нештата. Ладнокрвни сте во нормални околности, но кога некој ќе ви даде повод експлодирате како вулкан.

Вие сте модна икона и луѓето му се диват на вашиот стил. НА луѓето им е лесно да бидат во ваше друштво. Сепак, вие внимателно ги одбирате пријателите и не сакате многу да зборувате со странци.

ЖЕЛКА

Вие сте со големо срце и блиску до совршенство. Меѓу луѓето кружат приказни за вашата љубезност. Сакате мир. Нема да возвратите и кога вам ви е нанесено зло. Не им зборувате на луѓето позади грб и луѓето вас ве сакаат поради сите овие особини.

Вие давате и давате љубов, не очекувате ништо за возврат. Вие сте многу великодушни. Она што е ваша најдобра особина е набљудување на работи во практичниот свет.

ГУЛАБ

Вашиот пристап кон животот е со насмевка. Дали средината била мрачна или весела, вие не се менувате, туку го ширите својот ведар дух и добро расположение. Вие сте лидер во кругот на пријатели и оној кој ги теши луѓето кога е потребно.

Не го сакате лицемерието и ги избегнувате лицемерите. Методични и организирани сте на работа. Не постои хаос во кој вие може да паднете. Бидете внимателни, ваша најголема мана е тоа што лесно се заљубувате.

ПАНТЕР

Вие сте мистериозна личност. Со леснотија се носите со било каков притисок и можете се да поднесете, а да не полудите. Знаете да бидете злобни од време на време и уживате во трачарење со одбрани луѓе. Вие сте уредна личност.

Сакате се да биде како што сте замислиле, што понекогаш и не е возможно. Како резултат на тоа, можете да расипете некои односи. Од друга страна секогаш сте спремни да им помогнете на луѓето во тешки времиња.

МАЈМУН

Вие сте многу нетрпеливи и хиперактивни! Сакате се што е можно побрзо! Во срцето сте сосема едноставни и сакате да бидете привлечни за другите.

Би сакале секогаш да сте заштитени од се. Ако чуете дека вашето име е споменато во некои контроверзни ситуации, веднаш паничите. Затоа секогаш ги превземате мерките на претпазливост.

Ако предвидите дека нешто лошо ќе се случи, вашето шесто сетило ве спасува. Ваша мана е тоа што сте прилично користољубиви.


Извор:republika.mk

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK