Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Интересно Со забава заврши циклусот „Час за приказни на англиски“

Интересно

Со забава заврши циклусот „Час за приказни на англиски“

Сподели

Со интересни едукативни и креативни содржини финишира есенскиот циклус од програмата Час за приказни на англиски јазик која веќе десетта година се спроведува во Црвен крст Охрид.

Децата после реализираните 16 часови од програмата имаа единствена можност, предводени од тренерите на оваа програма и во придружба на своите родители, да бидат дел од едукативната екскурзија во Скопје, при што ја посетија Зоолошката градина и Детскиот едукативен центар Жабец, каде активно се вклучија во бројни креативни игри и содржини.


Особен интерес и задоволство кај децата предизвика Часот за приказни на македонски јазик кој се реализира во книжарницата Просветно дело во Охрид, каде на децата од страна на тренерите им беа читани најнови детски наслови.


Последниот час во есенскиот циклус на програмата Час за приказни на англиски јазик ќе се реализира денес, кога и ќе бидат доделени сертификати на децата кои ја следеа програмата.


Уписите за новиот, пролетен циклус на програмата Час за приказни на англиски јазик ќе бидат во февруари 2018 г.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK