Чет10182018

Последна промена10:34:58 AM

Back Вие сте на: Home Интересно Лебот со паричка се врти на Василица!

Интересно

Лебот со паричка се врти на Василица!

Сподели

Лебот со паричка се врти на Василица, односно на Православна Нова година! Не на Бадник, како што практикуваат во некои градови во земјава.

Симболичното вртење на лебот на празникот Свети Василиј има причина, односно потекнува од наста од четвртиот век. 

Верувањето произлегува уште од IV век во градот Кесарија во Мала Азија.  За тоа зошто се става паричката за Василица стои историја за Божјиот угодник свети Василиј Велики кој бил стана Архиепископ Кесариски. Додека епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да оди со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно дошол, тој побарал од богатите луѓе во Кесарија да го однесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го ограбил градот. Тој никогаш повеќе не се вратил, ниту пак им здодевал на верниците од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер, не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој ставил накит и златници. На денот на Новата Година, кога сите луѓе ошле во црквата, тој на секого им дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на Свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стариот календар) да се меси лепче со паричка во него.

Се верува дека во тој што ќе се падне паричката ќе го следи среќа целата година! 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK